Американци се фатија за оружје против демонстрантите

Пар белци, најверојатно брачен, излезе со автомат и пиштол пред својата (луксузна) куќа во Сент Луис за да ја пречекаат поворката демонстранти кои во тоа време минуваа низ нивно маало.

На видеото од неделата се гледа како парот довикува нешто кон демонстрантите кои минуваат пред нивната куќа, додека луѓе од поворката ги упатуваат демонстрантите што побрзо да минат покрај куќата.

Целата работа се завршила без испукан куршум, а од полицијата на Сент Луис не одговориле дали биле свесни за инцидентот.

Се работи за група од 500 луѓе кои тргнале кон домот на градоначалничката на Сент Луис, Лида Крусон, барајќи нејзина оставка откако во петокот јавно ги прочита имињата и домашните адреси на неколку граѓани кои од нејзе писмено побарале да го прекине финансирањето на полицијата.

Подоцна Крусон се извини за ова.

 

29 јуни 2020 - 14:40