Тод е автор на книгата „Поразот на Западот“, во која западниот пад го припишува на зголемената секуларизација на англосферата, тврдејќи дека европските сили стануваат сè позависни од САД.
Војната во Украина само ја истакнала оваа слабост.
Во интервјуто за Кориере ди Болоња, тој оценува дека „украинската армија е во повлекување и има проблеми да регрутира војници“. Додава дека „западните економски санкции ѝ нанесоа поголема штета на европската отколку на руската економија.
Тод смета дека Третата светска војна е започната уште лани. Тврди дека Путин нема ни средства ни желба да ја шири Русија надвор од границите на предкомунистичка Русија а „руската желба за експанзија“ е само уште една западна фантација.
„Психолошкиот шок што ги чека Европејците ќе биде кога ќе разберат дека НАТО не постои за да нè заштити, туку да нè контролира“.
Францускиот историчар предвидува дека Германија и Русија на крајот сепак ќе ги поправат меѓусебните односи и на тој начин „американската контрола над Европа ќе биде уништена“.