Тројца преживеани од пукањето поднеле тужба против киното заради слабо обезбедување. Во тужбата се тврди дека киното немало ангажирано никакво обезбедување за полноќната проекција и покрај инцидентите што таму се случувале во минатото.
Друга основа е дека задната врата преку која влегол убиецот, немала никаков аларм.
"Тужбата се базира на неуспехот на Синемарк да осигура обезбедување за киното и посетителите. Имањето процедури, опрема и персонал за обезбедување, многу веројатно би го спречил напаѓачот да го изврши убиството," изјавил адвокатот на тројцата преживеани.