Ким Кулмоне објаснува дека Барби никогаш не била дизајнирана за да биде реалистична, туку "е дизајнирана за да им биде лесна на девојчињата да ја облекуваат и соблекуваат."
"Таа низ годините има повеќе тела, некои што се за позирање, а некои се за да бидат пореалистични... На некои дури и нозете не им се виткаат, а има и некои кои се со прави раце. Примарно нејзина цел е функционалноста, за вистинските материјали да можат да бидат шиени на неа, и да имаат облека која се уште добро ќе паѓа на нејзиното тело," објаснува Кулмоне.
Иако пропорциите се направени за Барби да може полесно да се облече и алиштата подобро да легнат на неа, од Мател не сметаат дека имаа обврска спрема конзистентноста на формата на куклата (освен ако тоа не се промени во иднина).
Во однос на девојчињата, Кулмоне смета дека тие имаат сосема различен поглед на светот во споредба со возрасните и тие не расудуваат од исто гледиште и со ист багаж како што тоа го прават возрасните. "Докажано е дека кај девојчињата за ваквите прашања, без разлика дали е претстава за сопственото тело или нешто слично, главно влијание имаат нивните мајки, врсниците, родителите и социјалните кругови."