
Без некаков посебен ред еве ги петте работи кои треба да ги имате во предвид кога читате топ листи на крајот од годината:
1. Предвидувањето не е прогноза, туку повеќе обид за забава
Честа грешка што ја прават и професионалците на оваа тема е мешањето на поимите предвидување и прогноза. Предвидување е изјава на некој за тоа што тој мисли дека ќе се случи, додека прогноза е далеку покомплексен процес во кој се проценува исходот на некој настан врз основа на дадени факти. Предвидувањето повеќе претставува создавање слика за некој тренд заради подобро разбирање на неговото потенцијално влијание, а не за тоа што ќе се случува следната сезона/година. Изборот на зборови меѓу "предвидување" и "прогноза" е индикатор за вредноста на она што го читате.
2. Земете го во предвид изворот
Размислите кој ја прави прогнозата и имајте во предвид "каков влог имаат во оваа работа?" Технолошките компании и нивните гуруа имаат долгорочен интерес во темите во кои се вклучени. Без разлика колку тие се трудат да бидат објективни, сепак несвесната пристрасност често доведува да прават оптимистички предвидувања. Понекогаш ова се прави за да им помогнат на фановите да почнат да прават галама околу новиот производ или да го забрзаат развојот или да го подготват пазарот за новиот производ. Во секој случај, добро е овие работи да се имаат во предвид.
3. Кои критериуми се искористени?
Често пати заклучокот е "ова ќе биде големо" следната година, ама ретко кога има објаснување за критериумите по кои е стигнато до тоа "големо". Зошто производот А наместо производот Б? Зошто еден вкус го победува другиот? Дали ова е главен тренд за идната година заради потенцијалот на неговото влијание? Или заради парите што може да ги донесе? Или затоа што може да ги промени пазарите или нечие однесување? И за колку? Ако немаме поим за мерките по кои се вреднува нешто, немаме никаков начин како сами да го процениме она што го читаме. Добиваме само бездушна квалитативна изјава.
4. Годината не е година
Освен даноци, закони и некои спортови, ретко кој трендови можат да се спакуваат во една година. По дефиниција, динамичноста на трендовите значи дека тие растат, достигнуваат пик и пропаѓаат, или издржуваат доволно долго за да станат она што прогнозерите го нарекуваат водечка сила - длабоки промени кои влијаат на голем број други трендови и настани. Наметнувањето на година на трендовите доаѓа од сезонски бизниси како модата. Трендовите не почнуваат во јануари, ниту завршуваат за новогодишните празници.
5. Критична е одговорноста за минатите прогнози
Откако ќе објавиш листи со предвидувања и прогноза, тешкиот дел е да направиш нивна рецензија неколку години подоцна, и тоа јавно. Прогнозата треба да го има во предвид и минатото. Што сме утнале? Што сме пренагласиле? Кои варијабли не сме ги земале во предвид? Како тоа го менува нашиот пристап?
"Да се биде критички консумент на мислењето на другите е прво нешто што треба да се направи ако не сакате да бидете патник на нечии туѓи претпоставки. Покритична публика може да помогне да се намали непотребната галама на многу поразумно ниво," објаснува авторот на текстот, Скот Смит, прогнозер и партнер во групацијата за дизајн и стратегија Platforme.