
Во профилот што Форбс го прави за Дејвид Карп, основачот на Тумблр објаснува: "Немам книги, ниту пак имам многу облека. Секогаш сум изненаден кога луѓето ги преполнуваат своите домови со работи."
Уредникот на Форбс, во описот на станот пишува: "сместен во светската престолнина на хипстерите, Вилијамсбург, тој веројатно е најбогатиот човек во целата населба. Но најинтересната работа е што се случува кај него внатре, каде што има речиси ништо. Спартанска спална со полу празен шифоњер, дневна соба со ништо освен софа и ТВ."
Како што се објаснува во профилот во Форбс, не е дека Карп не го интересираат парите, туку тој како и другите големи директори од Силициумската долина, се труди со скромноста да одржи одреден имиџ за вредностите на својата компанија.
"Нетолеранцијата на Карп кон непотребностите го исполнува Тумблр. Каде што другите гледаа револуција на блогирањето и социјалните мрежи и видоа нови алатки за комуникација, Карп виде можност нив да ги направи радикално полесни и поинтуитивни. Тумблр го спушти скалилото за создавање убави и динамични веб сајтови," пишува Форбс.