
Стив Џобс: Живеј го секој ден како да ти е последен
Кога имав 17 години прочитав цитат кој отприлика гласеше: "Ако живееш секој ден како да ти е поседен, еден ден ќе бидеш во право." Ми остави впечаток и од тогаш во изминативе 33 години, секое утро кога ќе се погледнев во огледало се прашував себе си: "Ако денес ми беше последен ден од животот, дали би сакал да го направам она што ќе го направам денес?" И секогаш кога премногу денови по ред одговорот ќе беше "не," знаев дека треба да сменам нешто. (2005. Стандфорд)
Бил Гејтс: Од оние на кои многу им е дадено, многу се очекува
Мајка ми, која беше пресреќна денот кога ме примија тука, никогаш не престана да бара од мене да правам повеќе за другите. Неколку дена пред мојата свадба таа организираше свадбен настан, на кој на глас го прочита писмото за бракот што и го имаше напишано на Мелинда. Мајка ми во тоа време беше многу болна од рак, меѓутоа го сметаше тоа за можност да ја испрати својата порака. На крајот од писмото рече: "Од оние на кои многу им е дадено, многу се очекува." (2007. Харвард)
Мајкл Дел: Никогаш немој да бидеш најпаметниот во просторијата
Гледај никогаш да не бидеш најпаметниот човек во собата. И ако си, ти препорачувам да поканиш попаметни од тебе... или најди друга соба. Во професионални кругови ова се вика вмрежување. Во организации ова се вика тим билдинг. Ние сите сме подарок еден на друг, и мојот раст како лидер ми покажа дека највредните искуства доаѓаат од моите врски. (2003. Универзитетот на Тексас)
Мајкл Блумберг: Немој премногу време да бидеш разочаран
Кога завршив мојата прва работа беше на Вол Стрит и таму останав 15 години. Беше одлично искуство: забавно време и многу пофалби од шефовите. Сите ме сакаа - се до денот кога ме отпуштија! Меѓутоа останав оптимист - бидејќи среќата за мене од секогаш било да се пробува нешто ново и да се обидеш да ги победиш шансите што ти ги даваат. Па, следниот откако бев отпуштен, буквално следниот ден, јас започнав нова компанија. (2007. Универзитетот Туфтс)
Џ. К. Роулинг: Неуспехот може да биде темел за успех
Зошто зборувам за бенефитите од неуспехот? Едноставно затоа што неуспехот значи отстранување на се што е небитно. Престанав да се преправам пред себе дека сум нешто друго освен она што бев, и почнав да ја насочувам целата моја енергија само во работата што ми беше важна на мене. Ако успеев во што било друго, можеби никогаш немаше да ја откријам решителноста да успеам во единствено поле на кое навистина верував дека му припаѓам. Бев ослободена, бидејќи мојот најголем страв беше остварен, а јас се уште бев жива, и се уште имав ќерка која ја обожував, и имав стара машина за куцање и голема идеја. И така дното стана силен темел на кој го изградив својот живот. (2008. Харвард)
Џеф Безос: Подароците се лесни, изборот е тежок
Ќе направам едно предвидување. Кога ќе имаш 80 години и кога во еден тивок момент само за себе ќе го размислуваш својот живот, раскажувајќи ја најличната верзија на твојата животна приказна, најкомпактниот и најважен дел ќе биде серијата на избори кои си ги направил. На крајот, ние сме нашите избори. Изгради голема приказна за себе. (2010. Принстон.)
Ерик Шмит: Не се мачи да имаш план
Воопшто не се мачи да имаш план. Сето тоа правење план заборави го. Мене ми изгледа дека се е околу шансите и во создавањето на сопствената среќа. Ги изучуваш најуспешните луѓе, и гледаш дека тие работат напорно и ги искористуваат шансите кои им доаѓаат, а за кои не знаат дека ќе им се случат. Не можеш на планираш иновација, не можеш да планираш изум. Се што можеш да направиш е да се обидуваш многу напорно да бидеш на правото место и да бидеш подготвен. Пејсмејкерот на пример беше создаван 70 години во една форма или друга. Тој беше ставен на еден кутар човек, кој 25 пејсмејкери подоцна се уште е жив. Меѓутоа важниот дел е дека тој не би бил жив ако пејсмејкерот не беше измислен. Никогаш не знаеш. (2009. Карнеги Мелон Универзитет)
Ели Броад: Не може да бидеш успешен ако си плашлив
Никој не направил милион долари со тоа што бил внимателен или плашлив или разумен. Имав 22 години и тазе оженет кога добив луда идеја дека треба да ја баталам мојата кариера и да почнам со градежништво. Не знаев ништо за градење куќи. Некогаш најлудите идеи се оние кои се најисплатливи. Ризикував во 1953. и почнав да градам куќи без подрум - нешто што никој претходно не го пробал на Средниот Запад - бидејќи месечната рата така ќе биде помала отколку киријата што ја плаќаа луѓето. (2006. UCLA)
Стив Кејс: Луѓето околу тебе се важни
Без разлика што правиш во животот, твојата способност да успееш многу ќе зависи од твојата способност да работиш со луѓе. Всушност, често се вели дека она што го правиш е помалку важно отколку со кого го правиш - дека луѓето со кои се опкружуваш без разлика дали е сопруга, или пријатели, или колеги, на крајот ќе бидат решавачкиот фактор за тоа во кој правец ќе се движи твојот живот. Не се фокусирај само на описот на работа или брендот на организацијата на која и се приклучуваш - фокусирај се и на тоа за кого и со кого ќе работиш. (2009. Џорџ Мејсон Универзитет)