Во прошталните пораки, Нобл напишал дека ќе се убие заради депресија, а еден од главните причинители е тоа што вработените од M Resort му ја одземале картичката за доживотно бесплатно јадење во нивното бифе, која му ја дале во 2010-та. Дополнително, тие комплетно му забраниле пристап во ресортот.
Нобл го набедува менаџментот на ресортот дека донеле таква одлука затоа што женските вработени им се пожалиле дека тој ги малтретира. Според неговата страна на приказната "малтретирањето" било во тоа што тој на вработените им давал подароци и внимание.
Ова е само дел од пишаните белешки во кои Нобл ги наведува сите луѓе што биле виновни за неговата мизерија. Тој оставил вкупно 270 страни материјал, за кои имал изработено индекс на содржина, како и 2-часовно ДВД. Насловот на дневникот е - Клетвата.
Самоубиството го извршува пред казиното со куршум во глава, а пред тоа го пали автомобилот на паркингот од ресортот.