Просечниот последен оброк имал 2.765 калории (во еден случај последниот оброк имал 29.000 калории), што е далеку повеќе од препорачаниот просек. Над 80% од затворениците побарале месо а две-третини сакале и нешто пржено. Ретко кој побарал овошје, зеленчук, паста или пица, а 20% не јаделе ништо. Еден затвореник за последен оброк побарал - маслинка.
Затворениците најчесто избирале некој познат бренд на храна, бидејќи знаеле што добиваат и дека нема да бидат разочарани од квалитетот, а најголемиот дел од нив, порачале повеќе отколку што можат да изедат.
Целта на истражувањето на Корнел Универзитетот е да се види како луѓето се однесуваат кога немаат за што да живеат, кога не се надеваат на никаква иднина. Како заклучок од ова е дека докторите можеби треба да престанат да ги заплашуваат пациентите со смрт и болест за да ги натераат да ја променат исхранат, бидејќи може ненамерно да предизвикаат контра ефект.