SEAL се подобри од нинџи

Ова го тврди адмиралот Вилијам МекРејвен, поранешен член на СЕАЛ и човек кој ги надгледуваше "фоките" додека ловеа стотици ирачки милитанти за време на најтешките години од војната и кој лично управуваше со акцијата за убиството на Осама бин Ладен.

МекРејвен бил јавно прозван еднаш за секогаш да реши кој е појак, фоките или нинџите. Прозивањето е од 6-годишно дете.

"Драг адмиралу МекРејвен. Кога ќе пораснам сакам да бидам СЕАЛ, ама можете ли да ми кажете кој е потивок - фоките или нинџите? И кој може подолго да издржи без воздух," му пишал 6-годишниот Вокер Гринтри на адмиралот.

И покрај крајно строгиот имиџ, адмиралот му одговорил на детето.

"Мислам дека нинџите веројатно се потивки од фоките, ама ние сме подобри пливачи, а исто така сме подобри и со оружје и со експлозив. Можам долго време да го држам здивот, ама гледам да не го правам тоа освен ако не морам.

Запомни ако сакаш да бидеш фока, мора на направиш две работи: да ги слушаш твоите родители и да бидеш добар со другите деца. Ако го направиш ова, тогаш веројатно и ти ќе можеш да станеш фока," пишал адмиралот во писмото до Гринтри, во кое му испратил и паричка со неговиот личен симбол.

5 октомври 2013 - 17:23