Пиењето чај, една од големите победи на феминизмот

Тргајќи по логиката: "чај пие само жена што нема работа, а жена што нема работа е опасна за општеството во целина," жените до пред само нешто повеќе од 100 години не смееле да помислат на чајанки.

Во 19 век, Ирците од високите класи тврделе дека жените не треба да си го трошат времето и ресурсите на пиење чај. Ако жената имала време да седне на пладне за да направи пауза за чај, тогаш ова значело дека таа ги запоставува своите домаќински задачи, и наместо тоа може да почне да мисли на политичка ангажмани, па дури и на бунт.

"Пиењето чај се сметало за закана на традицијата. Чајот бил чиста спротивност на тогашните вредности како скромност и штедливост, кои биле носители на ирската рурална култура," објаснува Хелен О'Конел од британскиот Дурам Универзитет.

Тогашните реформатори дури и печатат летки на кои се осудува пиењето чај и (иако не директно со тие зборови) предупредуваат дека тој создава зависност (објаснуваат дека по првата шолја чај, кај човек се создава "копнеж" по него).

Тие пиењето чај дури го поврзале и со ропството. Бидејќи чајот се засладува со шеќер, а шеќерот (тогаш) бил собиран од робови, тие се обидувале да го споредат пиењето чај со пиење на крвта на робовите.

7 декември 2012 - 16:09