Паркирање со предиспозиции

Германски градоначалник треба да се објаснува по основа на шовинизам затоа што паркинг местата во градот ги поделил на машки и женски.

Проблемот настанал откако градоначалникот на Триберг, ги поделил паркинзите во градот на машки и женски зони, по основа на тоа колку е тешко да се паркира на нив. Оние на кои паркирањето е покомпликувано се резервирани за мажите.

Женскиот дел од паркингот е на широко и добро осветлено место, во близина на излезот од паркингот, додека мажите се очекува да се снајдат во потесни места, со покомпликувани агли во близина на носечки столбови.

Веста доаѓа само една недела откако беа објавени фотографиите од подземен паркинг во кинескиот град Тјенцин, каде паркинг зоната за жени е обележана со неонски знаци, розови ѕидови, пошироки агли и браници.

11 јули 2012 - 12:16