Луѓето ги мразат понеделниците, ама ништо повеќе од што ги мразат вторник, среда и четврток, покажува анкетата на 340.000 лица.
Петокот е единствен ден кој се разликува во однос на остатокот од работната недела бидејќи луѓето се посреќни кога се приближува викендот, покажува истражувањето објавено во Журналот на позитивна психологија, според кое треба да се заборави на концептот за мизерни понеделници.
"И покрај глобалното верување за ужасните понеделници, ние заклучивме дека треба да го оставиме ова верување. Секојдневните митови веројатно го пренагласуваат влијанието на одреден ден врз расположението," објаснува професорот Артур Стоун од Стони Брук Универзитетот.
Според професорот озлогласеноста на понеделникот се должи на контрастот во расположението во споредба со недела, која заедно со петок и сабота се смета за најопуштениот ден во седмицата.