Едниот во канцеларија имал постер од вестерн филмот Томбстоун (со Расел Кроу, Вал Килмер и Сем Елиот) чиј слоган е "ПРАВДАТА ДОАЃА". Женава (на сликата лево) ја викале "кралица на смртта" е трет работи на биро на кое има тег за хартија во облик на - електрична столица.
Основната нишка што ги спојува овие пет луѓе е апетитот да гледаат како луѓе одат на смртна казна. А како американски јавни обвинители се на позиција да помогнат во тоа.
Заеднички скор им е 440 смртни казни. Ако се спореди тоа со вкупниот број на смртни пресуди изречени во последниве 40 години (8.038 случаи), секој 20-ти осуденик го папал од еден од нив.
Оној со постерот, обвинителот Боб Мејси од Оклахома, познат и како каубоецот Боб , гордо тврдел дека му е патриотска должност агресивно да бара смртни казни за најтешките случаи. Патриотска должност му била и да се избори за егзекуција на 16 годишниот Шон Селерс, по што Уставниот суд забранува егзекуција на малолетници.
На некои од нив речиси половина од пресудите подоцна им биле успешно обжалени или луѓето добиле помилување. Тоа кај нив не ја намалило страста за праќање луѓе во смрт ниту пак предизвикало етички или деловни дилеми. Како што морничаво го дефинираше тоа еден од нив, обвинителот Џо Брит од една општина во Северна Каролина:
"Во душата на секој од нас гори еден оган кој постојано ни шепоти 'да сочуваме живот по секоја цена.' Обврска на еден обвинител е да го изгаси тој оган"
А кога ќе загризеле случај, сите од нив биле вонсериски вешти во судската сала: со глумење, со плачење, со виткање бебешки колички во црно за да издејствуваат емоции кај поротата.
Нивниот успех е аргумент во рацете на оние кои се против смртна казна, бидејќи не може пеналниот систем на една земја да е толку арбитретерн, да зависи од личностите и нивните лични вештини.
Кога обвинителот Џони Холмс од Тексас се пензионирал откако бил главен 21 година во текот на кои на смрт било осудено вкупно 201 лице, бројот на изречени смртни казни паднал од 12 на само една годишно.
Четворица од овој кошмарен обвинителски дрим-тим се починати, во игра е само уште еден: оној со тегот во облик на електрична столица.