Во септември 2009-та, локалните полицајци апсат погрешен човек (непогрешно црн). Дури во станица заклучуваат дека имаат налог за човек со исто име и презиме, меѓутоа со различно средно име и матичен број.
Човекот што го апсат се вика Хенри Дејвис, кој се нашол во Фергусон само затоа што го утнал излезот за соседниот град Сент Чарлс, и паркирал покрај автопатот за да не вози на силниот дожд.
До крајот на денот, Дејвис добива обвинение за "уништување туѓа сопственост" затоа што ги исфлекал униформите на полицајците со крв која му течела од главата, од повреда која тие му ја направиле.
Целата грешка околу апсењето се искомпликувала кога Дејвис стига во станица. Таму му наредуваат да влезе во ќелија за еден човек, во која веќе спие еден притворен. Дејвис одбива да влезе и бара да му дадат барем еден од слободните душеци што се покрај ќелијата, за да не спие на цимент.
Тогаш полицаецот што го апси, вика на помош неколку колеги што веќе се наоколу во станицата. Еден од нив ја отвора вратата од ќелијата, а друг одеднаш се залетува, внесувајќи го Дејвис внатре и лупајќи го од ѕидот.
Тие бараат од него да легне на стомак и да ги стави рацете зад грб, по што една полицајка му става лисици. Откако добива неколку удари од полицајците во ќелијата, таа му ја крева главата и во моментот Дејвис само догледува како еден од полицајците (истиот што претходно го турна во ќелијата) се затрчува и го удира во глава. По ова тој речиси се онесвестува. Доаѓа Брзата помош која заради повредите мора да го носи Дејвис во болница.
Таму Дејвис одбива да биде прегледан и бара некој прво да му ги фотографираат повредите.
По сето ова, Дејвис минува неколку денови во затвор пред да биде пуштен со кауција од 1.500 долари по четири основни за "уништување туѓа сопственост." Туѓата сопственост се исфлеканите униформи на полицајците.
Целиот случај оди на суд. Таму се откриваат две работи:
- снимката од камерите во станицата била направена на 32 пати поголема брзина, а и кога ја средиле снимката излегло дека таа е од 12 часа по инцидентот.
- пред смената на капетанот во 2010-та, во одделот имало пракса да не се прави записник за инциденти без смртни последици.
Никој од полицајците не е казнет.
Ова е фотографијата од Дејвис кога бил примен во Брза помош: