Милијарда рубљи откриени во мочуриште во Русија

Ако од прва се разочара што се рубљи а не друга валута, чекај малку, не се ни руски, туку советски рубљи.

Група руски истражувачи, што имаат блог на темата напуштени советски локации, добиваат дојава за наводни купишта готовина оставени во окно во близина на ракетен силос.

По неколку часа пат, тие стигаат на локацијата, и ги затекнуваат купишта пари што им ги раскажувале. Процената е дека има околу 1 милијарда советски рубљи, сите отпечатени во периодот од 1961 до 1991. Овие банкноти веќе не се важечки во Русија, инаку по денешен курс тие вредат околу 18 милиони долари.

Според локалците кои одамна знаат за местото, никој до сега не се осудувал да отиде таму заради страв дека е загадено од радијација. Гајгеровиот бројач на блогерите покажал дека нема никаква радијација.

"Имаше восхит и малку тага, затоа што сфаќаш дека ова е од една мината ера која никогаш повеќе нема да се врати, и дека овие пари би биле повеќе од доволни за кого било," изјавила Олга Богданова, еден од членовите на екипата.

 

30 мај 2017 - 17:20