
Во парите на Прај се пресметани сите настапи на модни писти, фото-сесии, работа како портпарол за одредени брендови, договори од модни компании и парфеми.
Иако не е препознатлив како неговите колешки, Прај е во бизнисот од 17 години и работел како заштитно лице за Келвин Клајн, Версаче и Ралф Лорен.
Во своето рангирање Форбс ги превзема податоците од PayScale.com според кои манекенките во просек заработуваат околу 148% повеќе отколку нивните машки колеги. Главна причина за ова е што модната индустрија веќе со децении ги користи машките модели како додаток околу повеќе препознатливите женски лица. Дополнителен проблем е и што мажите обично прифаќаат пониски хонорари од жените.
Број еден кај жените е Жизел, која за една година заработи 42 милиони долари.