Тезгите се движат од конвенции и семинари, до дипломирање на генерации и предавања, а освен името, се што му треба на говорникот е да ја одреди својата цена и агент што ќе го продаде.
Па така, за некои си 40 минути говор, Стивен Болдвин (братот на Алек и повремен глумец) зема меѓу 20 и 30 илјади долари, исто колку Боб Боумен, тренерот на Мајкл Фелпс. За споредба Болдвин е повеќе платен од поранешен конгресмен, од новинари на Њујорк Тајмс и главниот економист на Гугл. Истото ова време Линда Армстронг (сопругата на Ленс) го наплаќа меѓу 7.500 и 10.000 долари.
Бернард Кушнер држи говори за тарифа над 40.000 долари, исто колку што наплаќаат Пет Рајли и Андерсон Купер. Доналд Трамп е во иста група со Доктор Оз (Мехмет), Мајкл Фелпс, Бил Козби, Бил Маер, Рејчел Реј и Сигурни Вивер. Сите овие наплаќаат нешто повеќе од 50.000 долари.
Еден од најскапите говорници е Џон Стујарт од Дејли Шоу, на кого тарифата му е над 100.000 долари, а ако сакате да ви збори првиот човек на Стејт Департманот и можен иден претседател на САД, Хилари Клинтон, ќе треба да платите 200.000 долари.