
Во 2012-та Американците во просек пиеле по 220 литри вода, споредено со 160 литри вода во 1998-ма. Она што е сменето е што пред 15 години Американците пиеле по 204 литри газирани сокови, што е 22% повеќе од денешните 166 литри.
Главна причина за тоа што сода пијалаците успеале да се наметнат пред водата како прв избор за пиење се "Кола војните" од 80-те. Тогаш двете најголеми компании почнуваат маркетинг кампања во која не жалат средства и успеваат да ја потиснат водата како избор за потрошувачите.
Сепак, токму маркетинг кампањите на овие компании се одговорни и за големото враќање на водата, па после повеќе годишни напори да се натераат потрошувачите да почнат да купуваат вода во шишиња, пијалакот успева да се врати на својата природна позиција.
Во целата работа не минаа лошо ниту двете компании кои ја започнаа "Кола војната," па сега Кока-кола поседува 13% од пазарот на вода во шишиња а Пепси има 10%.