Конкретна мета на расчистување ќе бидат улиците околу Трокадеро градините и Ајфеловата кула. Минатата година Париз го посетуваат околу 600.000 туристи од Јапонија, бројка која годинава тешко ќе ја одржат, делумно и заради терористичките напади.
На градските власти на Париз не им е баш јасно што им е проблемот на Јапонците, "велат дека сакаат да го направат градот почист за своите луѓе, кои имаат високи стандарди, ама во изминатите години Париз стана еден од најчистите градови во светот."
Градските власти организираа акција за масовно чистење пред околу 4 години, откако валканите улиците на Париз беа наведени како една од причините за тоа што градот не ја добил номинацијата за Олимпијадата 2012-та.
Освен улиците, јапонските туристички агенции имаат проблем и со жителите на градот, заради што Париз го сметаат за "еден од најневоспитаните главни градови во светот за туристи." Работата е стигната до таму што Јапонците имаат термин "париски синдром" кој се однесува на луѓето кои доживуваат комплетен психички крах од однесувањето на локалците и разочарувањето од она што ги дочекува во градот.
Јапонската амбасада во Париз има воведено и 24-часовна телефонска линија за помош на сите оние кои доживеале "сериозен културен шок." Операторите им помагаат на туристите да најдат соодветна болница или по забрзана постапка да им го организираат враќањето во Јапонија.