Таг: јапонци

Јапонска, сенегалска и колумбиска култура во Русија

Не е важно од каде си, важно е какви ти се манирите. Ако се водиме по оние на навивачите на Јапонија и Сенегал, пикавец ќе нема на стадион. Службите за хигиена на Мордовиа арената во Саранск и оние на Спартак стадиум во Москва, после натпреварите сигурно си заминале дома безгрижно со вакви навивачи.

„Брала мома капини“ стара јапонска песна

Сме виделе ние рокање, ама ова Јапонциве како ја подбраа „Брала мома капини“ ко преку Јутјуб да ќе им лепиме пари. И сред спот ги гледаш токискиве убер-хипстери (нема друго штом песнава и неколку слични ти се дел од репертоарот) како се нацртале на свадба сред Прилеп. Ова не се измислува.

Изгубени во нечистотијата

Затоа што Париз го доживуваат доволно валкан за да им е срам да носат туристи од Јапонија, викендов јапонските туристички агенции се фатија со расчистување на улиците низ главниот град на Франција.

Јапонска реклама на денот

Рекламава е за јапонски куќни помошнички во подвезици (х100), или за плински решоа (х100), или за црвени тавчиња (х100) или за тесто за палачинки (х1).