Земјата очигледно ги памти националните митови (детето што со прст ја затна браната и ја спаси земјата од поплава) и покажува дека поуките од нив треба и денес да се извлекуваат.
Над илјада скапи клупи на автобуските и трамвајски станици во земјата ќе бидат заменети со други затоа што се покажало дека актуелниот дизајн ги мами децата да ги пикаат прстите „кај што не треба“.
Имено, клупите се метални со дупчиња во нив за брзо да се дренира водата од дождот. Но, истите тие дупчиња од 1,5 сантиметри се и идеални во нив да заглави детски прст. Во Хаг само за една недела пожарникари трипати интервенирале за да одглават дете.
Клупите биле поставени пред само една година, чинеле преку 100 милиони долари а биле избрани најмногу заради нивната отпорност кон вандализам.
Ама ок, и ние извлекуваме поуки од нашите национални митови. Еден од нив е Итар Пејо, човекот кој не бил баш вреден ама, ете, „му текнувало“.