Мислења

Зошто другиве и натаму се полоши од Трамп?

Кога во кампањата во 2016-та, Трамп извикуваше „Затворете ја!“ (мислејќи на Хилари Клинтон), либтардите се згрозуваа каква авторитарна темнина се надвиснува над Америка. Седум години подоцна, Хилари е слободна жена, дури и после 4-те години на Трамп. Хронично дефицитарни со хумор, истите тие денес раздрагано се поздравуваат со „Merry Arrestmas“.  

Макрон се изглупира во Кина

Барем овој пат немаше 6-метарска маса во Пекинг меѓу Емануел Макрон и Ши Џинпинг. Меѓутоа нивниот состанок беше подеднакво бесплоден како и социјално дистанцираниот разговор на Макрон со најдобриот другар на Ши, Владимир Путин, пред една година во Москва, кратко пред рускиот лидер да ги испрати своите тенкови во Украина.

Такер: Отиде (ли) Америка во сиромаштија

„Ако стварно веруваа дека ќе го срушат Путин со санкции, тогаш се поглупави отколку што изгледаат“, вели Такер Карлсон во анализа на најопасната работа што им се случува на САД после Втората светска војна -  напуштањето на доларот како светска резервна валута за што на Бајден не му чуе па најавува 9,5 милијарди долари за „јакнење на демократии по светот“. 

Извонредно погрешниот напад на Тикток

Неодамнешното рендање на ЦЕО-то на Тикток пред речиси целосно непријателскиот конгресен комитет беше потсетување дека се позакоравената позиција против Кина е една од малкуте области на автентична меѓупартиска соработка. Со тоа и веќе постојниот непријателски став кон технолошката индустрија, Тикток е на два фронта.

Украина гори цела генерација свои луѓе

„Лесно е од овде да бидете чирлидерки на војната, од безбедно и сигурно место, илјадници километри далеку од линиите на фронтот. Но, мислам дека ќе биде корисна вежба за нас да се потсетиме што доживуваат обичните Украинци“, им порача на колегите од Европскиот парламент, ирската пратеничка со јазик како жилет, Клер Дали.

Опасно едноумие кое нè носи кон нуклеарна војна

Додека светот се бутка кон Студена војна 2.0, западниот меинстрим се враќа на старата тактика, етикетирање и оцрнување на сите критичари на политиката на масовен дотур на оружје во Украина. А критичарите не се марионети на Москва, граѓаните имаат целосно право да ја преиспитуваат улогата на своите влади, особено во време на војна.

Ние, Другите, што не сме доволно бели

Отсекогаш сме биле проучувани, анализирани и опишувани од оние самоуверени пискарала и репортери кои доаѓаат главно од Обединетото кралство и Северна Америка. Тие најдобро знаат кои сме ние и кон кој тип на политички системи и култура треба да стремиме. Од нас, Другите, се очекува да замолчиме и да слушаме, да научиме кои сме од господарите на универзумот.

Украинци бегаат од британското здравство

Иако е земја во сериозна војна, во Украина човек сепак може да види лекар кога и да му затреба. Во Велика Британија на преглед се чека со месеци а за секоја болест се препишува ибупрофен. „Не се чудите што многу бегалци се враќаат во родната земја за да се прегледаат“, пишува една украинска девојка, научен истражувач, која преку две години е во Англија.  

Би-би-си е еден од заговорниците во кампањата за преплашување на Британија

Не се работеше за наука, туку за политика. И тоа беше очигледно во моментот кога владата почна да зборува за следење на науката како тоа да е непомерливо тело на вистината. Никој што се разбира во наука не би можел да каже такво нешто освен ако не е дел од кампања со цел за намерно лажење на јавноста.

Победува ли Путин? Светот се менува во негова полза

Освен проверените сателити на САД, во западната коалиција против Русија не се приклучија многу нови држави. Самото тоа е огромен дипломатски пораз на Вашингтон.  Просто е. И во земји во кои не постои никакво русофилство или сентименти за Москва, на луѓето им е јасно во колку наврати Запад бил нефер кон нив или други.

Америка ќе ја напушти војната во Украина како Виетнам

Америка не може да ја добие прокси-војната во Украина, смета австралискиот професор Џозеф Сикракуза кој повлекува паралели со неуспехот на крвавата американска авантура во Виетнам. Прашање е само како повлекувањето ќе му биде продадено на американскиот народ, а има безброј проверени начини и објаснувања. 

Ковидот не, ама возрасните ги утепаа младите

Иако уште од почетокот на пандемијата беше јасно дека младите се без сериозен ризик од ковид, државите упорно ја тераа стратегијата на карантини и затворени училишта, колку да се смират родителите, медиумите, политичарите. Се изгубија милијарди образовни денови и сега чекаме да видиме што генерација ќе излезе од тоа. 

У реду е Трамп, знаеме

Американската јавност троа се шокираше од јавното признание на екс претседателот Доналд Трамп дека Стејт Департментот стоел зад украинската револуција од Мајдан. Ајде? Ах бе, Трамп, кој видел една, ги видел сите Шарени револуции. Заев веројатно би реагирал како Мујо кога го прашале дали ги видел пирамидите: Шта видо, јебо!  

Западното предавство на слободата

Западњаците некогаш бескрајно ја пропагираа „слободата“ како врвна демократска вредност. Во страв да не избегаат работите од контрола, елитите на овие земји веќе извесно време буткаат сосема спротивна кампања па од многу влијателни места ќе прочитате или слушнете дека „човековите права не се апсолутни“ и дека слободата е опасна.

Проблемите на миленијалец кој шефува со копиљаци

За сенешто одат кај шефот, понекогаш само дури и да си ги кажат маките, склони се кон паничење и пречесто им треба да бидат тапшани по рамо. Сведоштво на ПР-шефица која менаџира луѓе од генерацијата З, за која признава дека и од нив има што да се научи. На пример, да знаеш кога престануваш со работа. 

Зошто Индија не фаќа страна во војната

Шефот на индиската дипломатија одржа неколку убојити морално-политички лекции за Европа, САД и Запад кои веруваат дека нивните проблеми се и светски проблеми, ама светските проблеми не се и нивни. „Зошто некој во Европа би ви верувал?“, прашува новинар. „А зошто вие мислите дека некој во Азија би ви верувал?“, одговара Субраманјам Јаишанкар.

Дали „војната на Путин“ навистина е само војна на Путин?

Западот е опседнат со идејата дека „војната на Путин“ не е војна на Русија, и дека Руси ја поддржуваат само затоа што се претворени во зомбија од страна на режимот. Toa е само уште еден облик на пропаганда, кој одбива да прифати дека интелигентни луѓе можат да дојдат до поинакви перспективи, пишува западната аналитичарка Џејд МекГлин.

Бајден е одличен претседател. И не треба пак да се кандидира.

Кога Бајден го даде годишното обраќање за Состојбата на Унијата пред Конгресот, тој имаше многу за што да се пофали, пишува Мишел Голдберг во колумната за Њујорк тајмс во кој го повикува американскиот претседател да се откаже од уште една претседателска трка.

Западот влегува премногу длабоко во Украина

Јуришот да се порази Владимир Путин добива сопствен опасен и безглав залет, исто како што беше во Ирак, пишува писателот и политиколог Панкаџ Мишра во колумна за Блумберг.

Кој за што, Полјаци за растурање на Руската федерација

Растурањето на Руската федерација е далеку помалку опасно отколку таа да биде оставена да биде владеена од криминалци, порачува полската европарламентарка и поранешна министерка за надворешни работи, Ана Фотига.

Зошто невакцинираните не нè предупредија?

„Невакцинираните знаеја и не направија ништо за да нè предупредат. Многу наша крв има на нивни раце“, пишува во текстот за кој сакаме да нагласиме дека е сатиричен. Но се работи за една брутална сатира која ја опишува онаа тивка јанѕа која по малку ја чувствуваат многумина од нас кои го направија „тоа што треба“.

Сите Срби во една држава

Резултатот на тоа далечно, заборавено српско курчење беа пет милиони бегалци и сто пеесет илјади убиени, од кои триесет и пет илјади токму Срби. Зошто тогаш „некои други народи можат да имаат една држава за еден народ, а Србите не?“ Ќе се обидам да објаснам што е можно поедноставно: затоа.  

Опасно е ако не си „наш“ или „нивен“

Се сеќавате ли кога Фрчкоски повикуваше на создавање две Македонии („Ќе ја поделиме економијата и пазарот: нема да пазаруваме во нивни дуќани и нема да одиме во нивни кафеани“)? Се надеваме дека престојот во едниот, единствен и сечиј Њујорк благопријатно ќе делува на овие негови глупи паланечки ставови. Во меѓувреме, да читнеме нешто умно.

На разбудените им треба будење

Ако цела Британија одеднаш пропадне во море, глобалната емисија на CO2 ќе се намали за само 2%, ги потсети Константин Кисин студентите од Оксфорд, генерација која е горда на својот сензибилитет за климата. Климата ќе се решава од сиромашните луѓе во Азија и Латинска Америка, а нив нема да ги убедите да останат сиромашни, им порача тој на разбудените.