Најважното видео што ќе го видите оваа година

Со овие зборови Ким Дотком сподели едно излагање на Самитот за ковид организиран од страна на  Европскиот парламент од кое се порача: „Ковид-19 беше акт на биолошка војна извршена врз човечката раса. Тоа беше финансиски грабеж. Природата беше киднапирана. Науката беше киднапирана“.

Коронавирусот намерно беше пуштен од страна на САД од лабораторија во Вухан за да предизвика глобална пандемија која ќе го зголеми јавното прифаќање на вакцините, тврди бизнисмен специјализиран за ревизија на патенти.

На Меѓународниот самит за Ковид организиран од Европскиот парламент во Брисел, Американецот Дејвид Мартин ги обвини САД дека стојат зад двата коронавируси кои предизвикуваат појава на тежок акутен респираторен синдром, во 2003-та и пред три години.

Тој смета дека пандемијата која ја доживеавме не се случи одеднаш, неочекувано и преку ноќ. Вели дека научниците уште во 1965 година го имаат откриено коронавирусот и имаат сфатено дека може да се модификува.

Го имаат ставано во животни (кучиња, свињи) и таа практика станува основа за првата протеинска вакцина против коронавирус на американскиот фармацевтски гигант Фајзер во 1990 година. Набргу производителите откриваат дека решенијата не функционираат бидејќи како податлив вирус, тој мутира.

Во 2002 година, универзитет во Северна Каролина иницира студија која Мартин ја интерпретира како „оружје за таргетирање поединци без колатерална штета“ и тврди дека смртоносната верзија не е зачната во Кина.

Ако му верувате, еве го целото негово излагање (ние веќе никому не веруваме, освен, нормално, на Зоран Заев).

********

Дилеми и сомнежи околу горенаведеното:

Здраво Трендо,

Го изгледав видеово со големо внимание, и неколку работи ми се сомнителни, за кои ќе дадам објаснување. 

1. Името на спикеров: обично на вакви панели учесниците се доктори на науки, прво го забележав дека нема титула и името е само со почетна буква, ајде си викам, ок можда напрајле лапсус од протокол.

2. Рече дека пред повеќе од декада седел во истата столица и го предупредил светот за што доаѓа, не најдов никаде дека гостувал во парламентартно излагање во ЕУ, али ајде, можда архивата е обемна, можда сум пропуштил нешто.

3. Се извина на новинарите дека ќе употребел тешка номенклатура... не употреби.

4. Рече дека материјалите се јавни со студии кои можат да се проверат (ај да видиме линк), а видеово е закачено на твитер од Сагиори Јан, кој себеси се нарекува кофаундер на davincigold.com??? а видеово опишано како Меѓународен ковид самит 3

5. Овде веќе сум во прашалници да проверам кој е: Во видеово се именува себеси како "Dave" претпоставувам името му е "David" па реков да го побарам каде работи, од каде е човеков, затоа што ниту се претстави ниту кажа каде работи или која организација представува, што е пракса да биде представен или сам да се представи. На гугл резултат на David Martin и Dr David Martin, се многу оскудни и се други луѓе, но она што ме изненади е различноста на изворите со негови слики во google images, па реков ќе чепнам уште малку: линк до гугл имиџис.

6. Прв резултат IMDB: необичен резултат за некој кој се занимава со вирологија а не е доктор, во филм со вонземјани и два документарци: линк

7. На линк од друга слика од 2015 е претставен како футурист на гостување во Мелбурн, во е еден многу интерестен текст за настанот и опис за него, кој го препорачувам да го прочитате: линк 

8. Ова нема смисла: После овие работи ископав и некој други линкови, бујрум:
Dr. David Martin Exposes Three Unspeakable Facts about COVID-19
Dr Martin the Secret plan
David Martin presents hard evidence showing COVID-19 is a man-made bioweapon.

9. Рече дека бил редовен на Блумберг, најдов само видео од ЦНБЦ од 2016 каде е преставен како ко основач на некоја фирма, зборуваат за индекси и патенти и самоуверено тврди дека Yahoo е потценета фирма.

10. После ова се вратив на почеток на видеово да видам дали дали е стварно од Европски парламент, изгледа како да е панел од ЕЦР (група конзервативци од европски парламент) барем првите кадри, после е само тој во фокус но на нивнава веб страна нема опис на ваков настан или овај гостин, изгледа им станало јасно со кого си имаат работа отпосле.

11. Мое мислење е дека баткава е како тој самопрогласениот крал на Македонија и Црна гора од пред неколку години.

12. Не дека Фајзер се јагниња, си знаеле дека не спречува пренесување, да не прајме муабет за миокардитис кај млади, ама баткава ја претера, доктор по потреба, патолошки лажго. 

Поздрав и секое добро,
Мишко

28 мај 2023 - 21:29