Каде греши Аткинсон за електричните возила?

Пред некој ден пренесовме текст на комичарот Роуан Аткисон во Гардијан во кој призна дека иако меѓу првите ги прифатил електричните возила, денес се чувствува малку прелажан со таа приказна. И на оние што се думаат дали да ја заменат старата кола со електрична, им порачува да не брзаат. Сега еколозите го факт-чекираат.

Во масовно споделуваниот и коментиран текст во Гардијан, Роуан Аткинсон рече дека се чувствува „измамен“ од зелените бенефити на  електричните возила.

„Предлага алтернативи кои сè уште не се широко достапни, би биле помалку корисни за климата и гарантирано ќе бидат поскапи“, реагира во Гардијан, Сајмон Еванс од Карбон Бриф

Иако нема да ги решат сите проблеми - од сообраќајниот метеж до нашиот седечки начин на живот - без електричните  нема да се справиме со климатската ургентност, смета тој. 

Еванс тврди дека и во „поголемата слика“, сосе целосните животни циклуси на возилата, од екстракција на нафта или ископување на литиум за батерии до возењето на автомобилите, електричните коли имаат помалку штетни еко-параметри.

Аткинсон надежи полага во водородот како погонско гориво но му се одговара со студија дека возилата со водород денес би ги намалиле емисиите само за 39%, во однос на бензинските мотори, потенцијалнодо за 56% до 2030 година (65% и 76% се процентите за електричните).

Башка, денес има само 72.000 возила со ќелии на водород a само годинава треба да бидат продадени 14 милиони електрични.

Еванс тврди дека Црна гуја е статива и кога вика дека електричниот погон е не е решение за камионите, бидејќи само лани биле продадени 60.000 такви.

9 јуни 2023 - 10:53