Ѓоковиќ одбива да ѝ се покори на идиократијата

Ова нема врска со закон или здравје. Сите знаеме дека тој не загрозува ничие здравје и дека ваквиот закон нема резон. Ѓоковиќ не смее да игра не поради закон или поради здравствени причини. Не затоа што не е вакциниран, туку затоа што не е послушен, пишува Марио Накиќ од хрватски Либерал.

Хрватски новинари и пропаднати политичари се натпреваруваат кој повеќе ќе го исплука српскиот тенисер, кој повеќе ќе го изнавреди. И баш не се бираат навреди. Го обвинуваат дека е арогантен, дека е кретен, сè најлошо. Од друга страна, ја фалат австралиската влада и држава, ја сметаат за „организирана држава“ бидејќи „законите мора да важат за сите подеднакво“.

Во меѓувреме, никој не се обидува да ја доведе во прашање целта и оправданоста на самите закони.

Прво, аргументот „регулирана држава“ не секогаш држи вода. Во истата Австралија, премиерот неодамна беше фатен како лета со авион на сметка на даночните обврзници во време кога летовите беа забранети за обичните граѓани. Тоа значи дека нивните закони, дури и да биле оправдани и раумни, очигледно не важат за сите. Постојат исклучоци.

Покрај тоа, тројца тенисери без проблем влегоа во Австралија со истите хартии како и Ѓоковиќ.

Тогаш што е проблемот со Ѓоковиќ? Тоа што беше гласен противник на мерките и принудата за вакцинација. Сепак, тој е прв тенисер во светот, а коронашите се обожаватели на хиерархија. Тоа значи дека секој „важен“ мора јавно да покаже почит и посветеност кон нивната религија, во спротивно треба јавно да биде понижен и компромитиран. Токму тоа сега му се случува на Ѓоковиќ. Богохулник е.

Дали некој навистина мисли дека Ѓоковиќ не можел да плати лекар во Србија кој би му издал потврда за вакцинираност? Или уште полесно, да му се обрател на Вучиќ,  тој сигурно би му издејствувакл таква потврда.

Што се однесува до самите Австралијци, ним не им е гајле дали тој се вакцинирал или не. Можеше на граница да каже дека е вакциниран а после да ги повика сите да се вакцинираат, ќе го пуштеа без проблем. Затоа што не им е важно што јавните личности прават приватно, важно им е како јавно дејствуваат. Погледнете го нашиот министер Берош. Човекот не носи маска, но на секое јавно појавување повикува да се носат маски. Ова е она што тие го ценат - јавно изразување почит кон религијата.

Ѓоковиќ лесно можеше да влезе во Австралија - ако ги погазеше своите зборови и го направеше она што се очекуваше од него. Не го стори тоа и тоа многу ги налути. 

Ова нема врска со закон или здравје. Сите знаеме дека не загрозува ничие здравје и дека ваквиот закон нема резон, како и дека често самоволно се прекршува. Ѓоковиќ не смее да игра не поради закон или поради здравствени причини, не затоа што не е вакциниран, туку затоа што не е послушен.

Веќе имам пишувано дека целата оваа фрка не е заради вирусот. Се тренираат луѓето на послушност. Прво ќе нафрлат еден куп нелогични и бесмислени правила, за потоа да видат кој беспоговорно ќе ги почитува, а кој не. Тие што не се покоруваат се непослушници и потоа таквите се кршат еден по еден. Ова е војна против човечкиот дух, добрата волја и здравиот разум. Тоа го прави секој тоталитарен режим, само што овојпат тоа се случува на глобално ниво.

Не е ни чудо што веднаш се наоѓаат политичари и новинари кои се натпреваруваат да о исплукаат непослушниот поединец. Тоа се опортунисти кои се обидуваат да фатат што е можно повисока позиција во хиерархијата, јавно докажувајќи ја својата приврзаност кон режимот. Тие се извршители на модерниот лов на вештерки, на модерните клади. Непослушните поединци ќе се издвојуваат еден по еден и ќе бидат компромитирани за да го изгубат кредибилитетот. Секоја значајна личност во светот едноставно мора да ја прифати религијата и да биде нејзин апостол. Кој тоа не го стори, го губи општествениот статус.

Некои велат дека Ѓоковиќ требало да го бојкотира турнирот. Во тој случај не би постигнал ништо бидејќи светот не би видел за какви бесмислени прописи и бирократија се работи. Вака ги разоткри. Други велат дека е виновен што дошол таму, иако знаел дека по закон, не смее да оди. Ни тие не се во право бидејќи Ѓоковиќ претходно доби виза, инаку немало да тргне за Австралија.

Каков спортски турнир е тоа без најдобрите спортисти? Дури и Хитлер дозволи црнците и Евреите да настапат на Олимпијадата во Берлин во 1936 година, иако ги мразел како што коронашите ги мразат невакцинираните.

Ваквите ситуации се без преседан во историјата, а добар дел од јавноста тоа го поддржува. Тоа е најстрашното во целата приказна.

Марио Накиќ

 

8 јануари 2022 - 14:09