Во рамките на кампањата која ќе трае цел ноември, ќе се поделат лимитиран број на ваучери што ќе ги доделуваме секоја недела, за уролошки и превентивни прегледи во две приватни болници – Аџибадем Систина и Жан Митрев, преку пополнување на формата објавена на следниот линк: www.zlatendab.mk/movember.
„Оваа сабота на 1 ноември, Златен Даб беше покровител на спортско искачување на планината Водно во соработка со планинарското друштво H2O и планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, каде се дружевме со добра енергија, одлична музика и ладно пиво. Поводот беше симболично да го официјализираме почетокот на кампањата за машко здравје на Златен Даб - „На здравје, за машкото здравје!“ и приклучување кон „Мовембер“ глобалното движење посветено на машкото здравје, со цел да нè потсети дека редовните прегледи и превенцијата се најважни чекори за долгорочно здравје.“ – изјави Марјан Стоилов, Директор на сектор за продажба во Прилепска Пиварница.
Златен Даб ги повикува сите да се приклучат на кампањата и да направат чекор кон сопственото здравје, затоа што грижата за себе е доказ за вистинска одговорност.

Со секоја наредна година, Мовембер во организација на Прилепска Пиварница станува традиција и симбол на одговорност, храброст и заедништво.
На здравје, за машкото здравје!
(Комерцијален текст)