На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија кои веќе 10 години ја збогатуваат домашната едукативна и забавна детска програма ќе понудат едночасовна забава во која интегрален дел се деца со посебни потреби кои помагаат текот на приказната да биде комплетен и со тоа на најпластичен начин на публиката да и се претстави инклузијата во најјасна форма.
Концертите “Сонуваме.Менуваме“ ќе се одржуваат во МОБ со овој распоред:
Петок 15.12. од 18 часот
Сабота 16.12 од 11 и од 14 часот
Недела 17.12 од 11 и од 14 часот
Поради хуманитарниот карактер на настанот, билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на МОБ по симболична цена од 150 денари и сите овие средства ќе се вклучат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.
„Нашиот тим го создаде овој проект во соработка со асоцијациите на деца со посебни потреби и горд сум што проектот добива на континуитет и претставува поттик за нашата општествено одговорна активност во иднина.
Моќта на проектот произлегува од соработката, од можноста да се дознае повеќе, да се споделат искуства, да се научи нешто и да се препознае емпатијата. Секој од нас, вклучен во овој проект доби нова перспектива на животот и модел за негово подобрување во иднина.
Повторно, со донациите кои Банката ќе ги реализира со асоцијациите се надеваме дека децата покрај забавните моменти за време на концертите, ќе уживаат и во трајно подобрени услови за едукација и надградба.“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.
(комерцијален текст)