Така се роди Биби, девојчето со кое сме сигурни дека вашите деца ќе сакаат да се дружат. Храбра, вредна, секогаш подготвена да помогне, Биби ќе биде гостинка во сечиј дом... Знаеме дека децата со задоволство ќе го слушаат гласот на актерката Слаѓана Вујошевиќ и ќе уживаат во приказните што ги создаде драматургот Билјана Црвенковска.
„Јеееј“ извикува Биби, секогаш кога ќе почувствува неизмерна радост, кога е воодушевена, кога открила нешто ново. А таа, секој ден открива нови нешта, замислува нови светови во кои сѐ е возможно. Бидејќи таа е вистинска сезнајка, а и на секој чекор гледа нешто што ја воодушевува, овој извик ќе го слушате често.
Биби е мало девојче и зборува литературно. Таа не вели точак, туку велосипед. Најмногу се нервира кога ќе ѝ кажат дека има плави очи. Зашто таа има сини! И сака сите деца да научат да го говорат македонскиот литературен јазик. Со помош на сликовници, книги и едукативни видеа таа ќе им помогне во тоа.
Биби умее убаво да зборува и да објаснува, па може да им помага на другите деца во учењето. Таа е експерт за објаснување математика, физика. Омилена книга ѝ е детската енциклопедија која на сите деца ќе им ја раскажува од збор до збор.
Децата најмногу сакаат да гледаат цртани филмови, а Биби ќе им ја исполни и оваа желба. Таа е главниот лик во новите анимирани филмови за деца. Биби на свој начин ќе раскажува сказни, на сите деца ќе им покаже како излегда нејзинот свет полн со фантазија и убави нешта. А со нејзиниот омилен другар Боби ќе поминат многу авантури и ќе покажат дека пријателството е најважно на светот и дека за добар другар вреди да се направи сѐ.
Драги деца, Биби понекогаш знае да се прави многу паметна, а знае и да биде малку вообразена. Но, верувајте ќе ја сакате најмногу на светот. Со нетрпение чекаме да ја запознаете!
(комерцијален текст)