Скопско звучи Суперхикс

Новите дизајни на СКОПСКО шишињатаги преплавија социјалните медиуми и воопшто сите медиуми. Оригиналната идеа произлезена од новата музичка платформа на СКОПСКО ги претвори познатите музичари во познати дизајнери. Идеата да им се овозможи на нашите музичари да креаират етиките за СКОПСКО е одлично прифатена и предизвика внимание.

Уникатните СКОПСКО шишиња дизајнирани од Суперхикс, Фолтин, Мугер Фугер и Гоце САФ имаат своја приказна која звучи супер, без разлика кој од нив ја раскажува. Нивната инспирација е различна, но ги спојува заедничкиот предизвик да ја претворат нивната супер квалитетна музика во супер креативен дизајн.


"СКОПСКО од старт звучи супер, и како пиво и како бренд и на тоа кога ќе му „досолиш" добра музика и добри артисти сето тоа едноставно мора да звучи супер. Носечкиот визуелен елемент на нашиот дизајн за СКОПСКО е Веспа од 60-тите години која претходно ја употребивме како насловен кавер за нашиот втор албум ТРУМАНО. Дизајнот на каверот толку симпатично испадна што тоа лого остана и понатаму да се користи за се што е поврзано со Суперхикс. Ете и тука го вметнавме овој детал, како дел од дизајнот за СКОПСКО, но со еден нов, освежен изглед.", ни раскажаа од Суперхикс.


Новите дизајни беа промовирани на Пиволенд и се дел од новата музичка платформа ''Скопско звучи супер''. Тие се со модерен изглед и комуникација која се поврзува со публиката која ја цени креативноста, сака добро пиво и слуша квалитетна музика.


Уникатната колекција на СКОПСКО може да се најде во најпознатите локали низ Македонија.

17 септември 2015 - 16:55