Премиум АГС – Нов застапник на Volvo во Македонија

Престижниот шведски бренд добива нов дом во Македонија. Новиот застапник е наследник на компанијата Премиум Ауто Зентрум која од сега па натака ќе функционира под името Премиум АГС.

Автомобилите на Volvo се веќе достапни во салонот лоциран на ул. Перо Наков бр.25, а на прес-конференцијата која се одржа во петокот, менаџерскиот тим не запозна со краткорочните и долгорочните планови на АГС Групата, чија членка е Премиум АГС. Она што е значајно е што за првпат се запознаваме со новиот Volvo V60, но во салонот ги забележавме и добропознатите модели од линијата XC (XC40, XC60 и XC90), S90 и V40.

Сервисниот центар на Премиум АГС со ова е и нов овластен сервисер на Volvo за Македонија, а она кое е значајно да се потенцира е дека во изградба е сосема нов салон за Volvo кој ќе биде опремен според најновите Volvo стандарди.

Новиот салон се очекува да биде пуштен во употреба во средината на март, 2019 година.

Секој кој е заинтересиран да се запознае со гамата на Volvo како и напредните технолошки решенија имплементирани во најновите модели на шведскиот производител, топло препорачуваме да го посети салонот на Премиум АГС.

(Комерцијален текст)

 

8 октомври 2018 - 14:28