Сместен зад салата Расадник, на ул. 1511 бр. 22, Гранап маркет е третиот по ред од синџирот малопродажни објекти на овој бренд. Новиот Гранап маркет се простира на површина од 500 квадратни метри на кои се изложени повеќе од 5.000 производи од сите трговски категории, вклучувајќи и свежо печен леб и бели печива, готвени јадења како и свежо овошје и зеленчук.
На свеченото отворање присуствуваа и бројни пријатели на Гранап, на чело со Драган Б. Костиќ, кој во свој препознатлив стил со македонски шлагери ги забавуваше сите потрошувачи кои го посетија маркетот.
(комерцијален текст)