Новото издание на CodeFu ќе донесе адреналин во програмирањето

„Реши го невозможното“ и годинава е носечкиот слоган под кој ќе се одржи култниот натпревар за решавање алгоритамски проблеми CodeFu што веќе 12 години го организира софтверската компанија Netcetera во Скопје. Студентите на додипломски и последипломски студии на државните и приватните факултети од земјава кои ќе учествуваат на натпреварот ќе си ги одмерат знаењата и вештините во оваа област. Според искуствата од претходните години, се очекува најбројни учесници да се студенти на ФИНКИ, како и на останатите сродни технички факултети.

За тие што веќе се запознаени со овој натпревар и го следат од почетокот во 2007 година, правилата се добро познати. За оние новите во светот на CodeFu, важно е да знаат оти од сите пријавени, преку принцип на елиминација во две рунди (првата е на 15 април, а втората на 6 мај 2018) ќе останат 32 финалисти. Тие ќе се натпреваруваат за главната награда – патување во Цирих, Швајцарија на Интернационалната конференција за модерни уметности и софтвер Jazoon со сите покриени трошоци, како и добропознатите CodeFu ранец и маичка.

Финалниот натпревар ќе се одржи на 3 јуни 2018, но со тоа не завршуваат активностите околу CodeFu. Во текот на целата година Netcetera организира и неколку сезонски и community натпревари од сличен карактер како CodeFu. На секој од овие натпревари, Netcetera ќе доделува телефони или таблети за победниците, но и за еден од натпреварувачите по случаен избор.
Правилата на учество и сите други информации во врска со натпреварот можете да ги најдете на интернет страницата на CodeFu (http://codefu.mk/).

(комерцијален текст)

2 мај 2018 - 11:26