Релаксирано до комфорен дом со новиот „Станбен кредит 3 + 2“

Нов станбен кредит со 5 години фиксна каматна стапка од Охридска банка Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио воведува нов станбен кредит со 5 години фиксна каматна стапка.
 

Имено, со овој кредит, сите клиенти ќе може релаксирано да инвестираат во својот нов конфорен дом, користејќи го новиот „Станбен кредит 3+2“ кој овозможува фиксна каматна стапка во првите 5 години од отплатата на кредитот, и тоа, во првите три години каматната стапка е фиксна и изнесува 3,55%, а во четвртата и петата година е повторно фиксна и изнесува 4.55%. По завршувањето на петата година од отплатата на кредитот, каматната стапка е варијабилна и пресметана врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор (Euribor).

Па така, за станбен кредит од 30.000 евра, со рок на отплата од 240 месеци, износот на фиксната месечна рата во првите три години ќе изнесува 181,67 евра, ратата во четвртата и петата година ќе биде повторно фиксна и ќе изнесува 195,73 евра, а месечната рата по петата година ќе изнесува 208,85 евра.

Сите клиенти кои ќе аплицираат за „Станбен кредит 3+2“, за време на промотивниот период кој трае до 31.1.2018 година, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за апликација.
Со цел постојана грижа за клиентите како и обезбедување дополнителна вредност на сите банкарски производи, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за „Станбен кредит 3+2“ да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.
Повеќе информации за поволностите и понудите клиентите можат да најдат на веб-страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата.
(комерцијален текст)

4 декември 2017 - 22:28