
Неверојатна приказна за тројца другари – секој со свои проблеми, наречена и македонската верзија на Hangover ја имаше својата премиера на 22 септември во Синеплекс, а набрзо потоа беше прикажан и низ кината во Македонија, под дистрибуција на Константин Филм од Скопје.
За успехот на филмот дополнително говори и интересот на кината од регионот, па на почетокот во 2024 година, истиот ќе започне со прикажување во Србија и Црна Гора.
„Те дуа, жими мене“ ја доби наградата за најдобар игран филм на фестивалот „SoundScreen“ во Равена, Италија и е второ меѓународно признание откако летово доби награда од публиката на Филмски фестивал во Тирана, Албанија.
Она што особено се истакнува во филмот на Гавриловски е спојот на млади актери во главните улоги како Атанас Атанасовски, Никола Кузелов, Валентин Видовиќ и Ангела Стојановска и ветерани на македонската кинематографија во споредните улоги како Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Владо Јовановски, Тони Михајловски, Мими Таневска, Рујиш Беговска и Фирдаус Неби. Младите актери со леснотија ги пренесуваат комплексните карактери на своите ликови и со тоа постигнуват баланс со комичноста на споредните ликови кои се доделени на поискусните актери.
Филмот е снимен во околината на Скопје во 2019-та година, во рекордни 28 дена.
(Комерцијален текст)