Дали високиот крвен притисок може да предизвика оштетување на видот?

Високиот крвен притисок е чест феномен кој погодува милиони луѓе ширум светот. Исто така, е водечка причина за срцеви заболувања, мозочен удар и откажување на бубрезите. Сепак, многу луѓе не знаат дека високиот крвен притисок може да влијае и на видот.

Со текот на времето, оваа срцева состојба може да ги оштети крвните садови во очите, што доведува до губење на видот и други проблеми со очите. Кои се ризиците и како може да се заштитите?

Сложената врска помеѓу очите и крвниот притисок

Неколку мускули работат синхронизирано за окото да се движи. Ова им овозможува на луѓето да гледаат во различни насоки без да ја движат главата. Секој очен мускул го стимулира специфичен кранијален нерв и крвен сад. Очниот нерв носи импулси од мрежницата до мозокот. Другите кранијални нерви за возврат пренесуваат импулси до секој очен мускул. Офталмолошката артерија и централната ретинална артерија носат крв до овие мускули. Слично на тоа, офталмолошките вени и централната ретинална вена ја носат крвта од окото. Овие крвни садови влегуваат и излегуваат преку задниот дел на окото.

При висок крвен притисок, крвните садови се стеснуваат низ целото тело. Овој феномен обично се развива со текот на времето. Тоа може да се должи на нездрав начин на живот, како што е недоволно редовна физичка активност или нездрава исхрана. Одредени здравствени состојби, како што се дијабетес и гојазност, исто така може да го зголемат ризикот од развој на висок крвен притисок. Влијанието врз снабдувањето со крв во очите е значајно. Постојаното стеснување и проширување на крвните садови го оштетува ткивото. Оштетувањето на делот од окото сензитивен на светлина (мрежницата) може да доведе до крварење, заматен вид и целосно губење на видот.

Високиот крвен притисок носи ризик од разни болести на очите, често со катастрофални долгорочни последици за видот. Затоа е важно редовно да ги следите вредностите на крвниот притисок. Мерните уреди од брендот Sendo се лесни за употреба и точно детектираат отстапувања од нормалниот крвен притисок. Кога зборуваме за очни болести, треба да наведеме дека често се предизвикани од несоодветна грижа за здравјето на срцето.

Кои се ризиците за видот од високиот крвен притисок?

Хипертензивната ретинопатија, на пример, ги оштетува крвните садови во задниот дел на окото, предизвикувајќи крварење што може да доведе до заматен вид, па дури и до целосно губење на видот. Исто така, може да предизвика дамки на мрежницата и отекување на макулата, областа на окото која е клучна за детален и јасен вид. Оваа болест води до стеснување на крвните садови кои го отежнуваат протокот на крв во мрежницата. Обично, луѓето немаат никакви симптоми при блага до умерена хипертензивна ретинопатија. Најчесто се открива при рутински очен преглед.

Глаукомот е уште една очна состојба која најчесто се поврзува со висок крвен притисок. Во повеќето случаи, болеста е предизвикана од висок притисок во окото кој го оштетува очниот нерв. Имајте на ум дека глаукомот може да се појави на која било возраст, иако почесто кај постарите луѓе. Тоа е една од главните причини за слепило кај лицата постари од 60 години. Многу форми на глауком немаат предупредувачки знаци. Влијанието е толку постепено што може и да не забележите промена во видот додека состојбата не е во подоцнежните фази. Акумулацијата на течност во предниот дел на окото го зголемува притисокот и со текот на времето го оштетува оптичкиот нерв, предизвикувајќи губење на периферниот вид, а во потешки случаи и слепило.

Хороидопатија е уште една состојба која предизвикува акумулирање течност под мрежницата. Ваквата течност доаѓа од слоевите под мрежницата - ретиналниот пигментен епител (RPE) и хориоидот. Состојбата обично влијае на централниот вид и резултира со искривен или заматен вид. Друг карактеристичен симптом е лузна на окото.

Високиот крвен притисок може да предизвика и оптичка невропатија. Позната е и како дијабетична невропатија бидејќи често ги погодува луѓето кои страдаат од дијабетес. Оваа офталмолошка болест е резултат на блокиран проток на крв во мрежницата. Болеста ги убива нервните клетки и предизвикува крварење во окото. Често се развива незабележано во текот на подолг временски период, па ако не се лекува навремено, може да доведе и до целосно губење на видот.

Како да ги одржите очите и крвниот притисок во нормала?

Посетата на офталмолог за годишен очен преглед е особено важна доколку имате висок крвен притисок. За време на деталниот очен преглед, вашиот офталмолог ќе ги препознае суптилните знаци што може да укажуваат на ризик од сериозен проблем со видот предизвикан од хипертензија. Раната дијагноза и третман на хипертензијата се критични за зачувување на видот. Неопходно е да се одржува здраво ниво на крвниот притисок преку превентивни мерки и здрав начин на живот.

●    Намалете го внесот на сол

За да се контролира крвниот притисок, неопходно е да се ограничи внесот на сол на помалку од 2.300 милиграми дневно. Ова е препорачаната вредност за возрасно лице според Американското здружение за срце. Солената храна доведува до задржување вода во телото, што ги зголемува вредностите на крвниот притисок. Високата содржина на сол во телото го зголемува и ризикот од формирање катаракта. Имајте на ум дека најголемиот дел од солта во телото (над 70%) доаѓа од пакувана и готова храна, а не од кујнската сол која се додава во храната при готвење или јадење.

●    Зголемете го внесот на калциум

Според една неодамнешна студија, луѓето кои консумираат повеќе храна богата со калциум имаат помали шанси да развијат макуларна дегенерација поврзана со возраста. Калциумот е минерал кој може да помогне и во намалување на крвниот притисок. Низа студии ги покажаа корисните својства на калциумот за здравјето на срцето и за намалување на крвниот притисок. Храна богата со калциум се млечните производи, сирењето, јаткастите плодови и смоквите.

●    Избегнувајте штетни навики

Употребата на алкохол и производи од тутун често станува рутина, но овие штетни навики негативно влијаат врз кардиоваскуларниот систем. Пиењето премногу алкохол може да го зголеми крвниот притисок, а пушењето ја згуснува крвта и може да доведе до затнување на крвните садови.

●    Додадете суплементи во секојдневната исхрана

Здравјето на очите е директно поврзано со внесот на антиоксиданси. Антиоксидансите се супстанции кои се борат против слободните радикали во телото. Понекогаш е тешко да ги внесете само преку редовната исхрана, па затоа размислете да додадете суплементи во дневниот режим на искрана. На пазарот ќе најдете широк спектар производи со различни формулации, но најдобро е да се консултирате со лекар пред да започнете да земате суплементи.

●    Не ги игнорирајте сигналите на телото

Офталмолошките заболувања не се развиваат во краток временски период. Тие настануваат како резултат на системско занемарување на здравјето. Телото често дава предупредувачки знаци. Ако имате висок крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта, висок холестерол или висок пулс во мирување, преземете чекори за да ги доведете во нормала.

●    Не пропуштајте ги редовните прегледи

Понекогаш, еден здравствен проблем може да предизвика друга болест без да знаете за тоа. Пример за ова се офталмолошките состојби. Следењето на крвниот притисок е клучно за заштита на видот. Линијата уреди за мерење крвен притисок Sendo може да ви биде доста корисна во овој поглед. Мерењето на крвниот притисок се врши со допир на едно копче, а уредот ги памети последните 60 мерења. На овој начин, ќе може да ги следите трендовите и да го предупредите својот лекар доколку е потребно.

●    Обрнете внимание на движењето

Нема подобар начин да се опуштите по напорен ден од кратка прошетка или аеробик вежби. Спортот е важен дел од грижата за вашето срце и целокупното здравје. Покрај тоа што долгорочно ги намалува вредностите на крвниот притисок, физичката активност помага да се намали стресот во секојдневниот живот.

Високиот крвен притисок може да има сериозно долгорочно влијание врз очите што може да доведе до сериозни очни болести. Вавките состојби на очите може дури и да предизвикаат целосно губење на видот. За среќа, може да преземете чекори за да го заштитите својот вид со одржување нормално ниво на крвниот притисок. Здравиот начин на живот и редовните прегледи може да ви помогнат да го зачувате видот и да го намалите ризикот од проблеми со очите поврзани со хипертензија. Запомнете - колку порано дејствувате, толку помали ќе бидат шансите да настанат проблеми со видот поради високиот крвен притисок.

(Комерцијален текст)

 

7 април 2023 - 16:53