
Како компанија која негува партнерски однос со модерните компании, со фокус кон изградба на квалитетен и професионален однос со корисниците, А1 креира понуда од ИКТ услуги која на деловните корисниците им овозможува раст и напредување во својот бизнис. Дел од услугите ИКТ решенија кои ги нуди А1 Македонија се Offensity Security Monitoring, A1 Web Hosting, ICT Office и A1 Corporate Access.
Дигитализацијата и онлајн секојдневието ги изложуваат компаниите и на хакерски напади кои можат да предизвикаат вистински проблем за безбедноста на информации. Затоа Offensity Security Monitoring или безбедносни решенија е услуга која претставува автоматизирано решение за корисникот да се заштити од секаков вид хакерски напад.
Услугата Web Hosting е идеално решение за компаниите кои сакаат професионално опкружување и врвна платформа за поставување и одржување на своите веб-страници.
Со ICT Office корисниците имаат можност да одберат еден од трите пакети Office Basic, Office + или POS Pro кои нудат решение за мали и средни претпријатија со кои ќе го олеснат секојдневното работење.
A1 Corporate Access е услуга наменета за компании на кои им е потребен безбеден мобилен пристап до сопствената корпоративна мрежа. Оваа услуга им овозможува на корисниците мобилен пристап до корпоративната мрежа, поголема ефикасност во работењето и достапност до своите податоци надвор од канцеларијата.
Бидејќи едно решение не одговара на сите компании, покрај услугите А1 Македонија нуди и ИКТ прилагодени решенија креирани согласно потребите на корисниците за автоматизирање на нивните деловни процеси.
Повеќе информации може да видите на www.A1.mk
(Комерцијален текст)