Тинејџерите на возраст од 13 до 17 години се најголемите купувачи на мобилни телефони. Со сериозно заостанување, на второ место е групата на возраст од 18 до 24 години.
Од друга страна пак генерацијата над 65 години има најголем број на сопственици на обични мобилни телефони а по нив е групата на возраст од 55 до 64 години.
Најтешко за обичен мобилен се решава групата на возраст меѓу 25 и 34 години.
"Тинејџерите веројатно преовладуваат во купување на нов уред бидејќи нивните родители не сакаат да потрошат пари за смартфон или за претплатата поврзана со него. Додека повозрасните се најбројни меѓу сопствениците на обични мобилни, од едноставна причина што не ги смениле постојните уреди," ги објаснуваат од КомСофт, објавените статистики.