Тепачка во која за никого не навиваме

На Твитер се судрија два глобални симбола на две различни популации. Еко-активистката Грета Тунберг и некогашниот кикбоксер, денес претставник на „алфа мажите“, Ендрју Тејт. Во фајтот едниот се курчеше колку коли има, а другата му кажа дека има мало куре. Нема подобар опис за епохата и хероите со кои живееме. 

Прв удри Тејт, кој неодамна е баниран од Јутуб, Инстаграм, Фејсбук и ТикТок заради токсични коментари кои се однесуваат на женската популација. Она малку простор што му останува, на Твитер, го искористи да и се с'сне на 19-годишната Грета Тунберг.

Швеѓанката е светски позната уште од својата 15 година, кога драматично/предраматично крена глас против климатските промени и стана стандарден ВИП на состаноците на моќните. 

Тејт ја предизвика со провокативна слика на која полни бензин во своето ексклузивно Бугати. Прозивајќи ја, се пофали дека има 33 коли и се понуди да ѝ прати комплетен список од својот возен парк и пресметка колку гас емитуваат.

Сам се намести што побара меил.

На општо задоволство на нејзините 4,9 милиони следачи, Грета возврати со „Да, те молам просветли ме“ и, како што бараше овој, му остави меил адреса. 

smalldickenergy@getalife.com

Или на нашки:

malokure@odizhivej.mk

Десет часа по коментарот на Грета, Тејт ѝ врати со репликата со која во 2019-та се прослави на самитот на ОН: „Како се осмелуваш?“ (How dare you?

„Не одговараш лошо за некој што толку многу пати бил удиран во глава“, му рече на Тејт еден од сеирџиите на постот.

Ако судиja во оваа тепачка е публиката, тогаш победник е Грета Тунберг која собра 2,5 милиони лајкови наспроти постот на Ендрју Тејт кого го лајкнаа 182,7 илјади луѓе.  

29 декември 2022 - 12:50