Првиот месец од СОПА

79 барања за гасење на сајтови стигнале до шпанското министерство за култура само по 31 ден од воведување на шпанската верзија на СОПА.

Од 1-ви март до Комисијата за заштита на интелектуалната сопственост (Comisión de Propiedad Intelectual) стигнале речиси 300 официјални жалби по основа на новиот закон. Од нив 213 се жалби за прекршување на авторски права, а 79 се барања исклучување на сајтови.

Од Комисијата ги разгледуваат сите жалби, а потоа нивното овластување се движи од отфрлање на жалбите до наредба за отстранување на спорните линкови или гасење на веб страните со судска одлука.

Инаку, допрва треба да се утврди колку од 300-те жалби се резултат на акцијата за саботажа на новиот закон. Групата Хактивистас започна кампања во која побара од сајтовите да линкуваат до песна на пејачот Ем Наваро која е заштитена со авторски права. Целта на оваа акција е Комисијата да се преоптовари со жалби, но и да се откријат сите нејаснотии околу процесот за гасење на веб страните.

Шпанската верзија на СОПА беше изгласана откако САД се заканија дека ќе ја стават земјата на црната листа за трговија.

4 април 2012 - 11:33