Планот е да се започне бизнис со кредитирање, а Обединетото Кралство ќе биде прво каде што ќе се тестира новиот сервис. Идејата е на компаниите да им се даде кредит меѓу 200 и 10.000 долари, кој ќе можат да го потрошат на купување рекламен простор на Гугл, односно Ад Вордс.
Причина за ова е што истражувањата на Гугл во САД покажале дека компаниите не купуваат онолку реклами колку што сакаат и дека сите компании кои добиле кредит, ја зголемиле потрошувачката на Ад Вордс.
Како дел од програмата Гугл ќе издава и кредитни картички, а каматната стапка на кредитите ќе биде 8,99 проценти.
Она по што се разликува понудата на Гугл од кредити од банки, е што Гугл во основа од ова не може да изгуби пари.
Соопштението на Гугл следува само неколку дена, откако беше објавено дека Амазон започнува свој бизнис на позајмици, со кој ќе им дава кредити на малите бизниси да можат да прават залиха од стока пред сезоната на празници.