Фејсбук прави да ви биде мака околу самите себе

Ако им верувате на маркетинг видеата на Фејсбук, социјалната мрежа кај своите корисници создава топли и убави чувства, ако им верувате на психолозите прегледувањето на вашиот ѕид само прави да ви биде грдо.

Во истражувањето луѓето требало да кажат колку често се на Фејсбук и да одговорат прашања околу сопствената самодоверба. По ова во период од 14 дена, тие од истражувачите добивале пораки по пет пат на ден, со прашања од типот "како се чувствуваш во моментов," или кога последен пат се логирале на мрежата.

Колку повеќе луѓето користеле Фејсубк толку полошо тие се чувствувале следниот пат кога биле контактирани. Во периодот од две недели, колку повеќе тие се логирале толку повеќе со текот на времето опаѓало нивното задоволство од квалитетот на животот.

Во целото истражување испитаниците не пријавиле никакви негативни реакции од директен социјален контакт, што значи дека нивната онлајн активност била главната причина за влошеното расположение.

"Другите луѓе обично објавуваат информации, слики, соопштенија, итн, кои прават нивните животи да изгледаат одлично. Честата изложеност на такви информации може да направи луѓето да се чувствуваат лошо околу сопствениот живот. Ова е само едно од потенцијалните објаснувања. Веројатно постојат и други фактори, како на пример недостатокот на директна комуникација со луѓето," објаснува Итан Крос, професорот по психологија од Универзитетот Мичиген кој го предводеше истражувањето.

27 август 2013 - 16:50