1. Оригиналното име на Гугл е BackRub. На хоумпејџот пишуваше: "BackRub is a 'web crawler' which is designed to traverse the web."
2. Гугл од 2010-та во просек купува по една компанија неделно.
3. Првиот Гугл цртеж беше со симболот на Брнинг мен. Основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин беа на фестивалот во 1998-ма и го додадоа симболот за да им кажат на корисниците дека викендот нема да бидат на работа.
4. Гугл го вработи својот прв готвач, Чарли Ајерс, во ноември 1999-та, кога компанијата имаше 40 вработени.
5. Ајерс со тек на време стана извршен готвач, сега надгледува тим од 150 вработени во десет ресторани во седиштето на компанијата во Калифорнија.
6. Гмаил е достапен на повеќе од 50 јазици. Меѓу кои баскиски и чероки.
7. Околу 1.000 вработени на Гугл станаа милионери во 2004-та кога компанијата излезе на берза.
8. Еден од милионерите е масерката Бони Браун, која во Гугл масира од 1999-та за 450 долари неделно.
9. Заради "I'm Feeling Lucky" (копчето што директно те носи на првиот резултат од пребарувањето) Гугл годишно губи реклами од околу 100 милиони долари.
10. Гугл вработува кози. Во 2009-та, тие изнајмија околу 200 кози за да ја јадат тревата и да го ѓубрат земјиштето Маунтаин Вју.
11. Првиот официјален твит на Гугл е "I'm feeling lucky" напишан во бинарен код.
12. Речиси сите пари на еден од ривалите, Мозила, доаѓаат од Гугл. Компанијата плаќа 300 милиони долари годишно за да биде дифолтен пребарувач на Мозила.
13. Основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин поседуваат само 16% од компанијата.
14. Овие 16% заедно вредат 46 милијарди долари.
15. Нов вработен во Гугл е познат како "Noogler" а поранешните се "Xoogler".