Најисплатливото покачување плата

Пред некој ден пишувавме за ЦЕО-то кој по основа на истражување што го прочитал на интернет го крена минималецот во својата фирма на 70.000 долари годишно. Денес пак пишуваме за него по основа дека по ова е преплавен од нови клиенти.

По објавувањето на веста, Гравити Пејментс го имаат најголемиот наплив на нов бизнис во своето 11-годишно постоење. Моментално компанијата има околу 15.000 клиенти и обработува околу 10 милијарди долари во исплати секоја година.

Ако се' продолжи вака ЦЕО-то Ден Прајс најави вработување на дополнителни луѓе. Од пред објавувањето на веста тие имаат оглас за 2 работни места. Моментално за нив има околу 3.500 пријавени.

Покачувањето што го воведе Прајс ќе влијае на 70 од 120 вработени во компанијата. Проектот за зголемување на платите постепено ќе се воведува и треба за 3 години да биде готов. Прајс е единствен од вработените на кого ќе му биде намалена платата.

23 април 2015 - 10:06