Официјално се работи за „производител на прибор за потрошувачки базени, додатоци и играчки на надувување.“ Компанијата во која таа инвестира минатата година имала приходи од 15 милиони долари.
На Твитер таа објави дека за компанијата платила „над 10 милиони долари“, а половина од сумата била „финансирана од кредит со ниски камати“.
Стримерката, Кејтлин „Амурант“ Сирагуса, објаснува дека се работи за компанија која соработува со продавачи како Амазон и Костко, а освен базените произведува и пловечки светла за базени, што често се користат во стримовите од естетски причини.
За време на пандемијата спектакуларно порасна популарноста на Твич каналите со стримерки во бикини кои стримуваа од пластични базени.
Пред базените, со парите од стриминг, Амурант купи и една бензиска пумпа.