Животот пишува Тарантино

Синопсис: поранешна порно, па риалити ѕвезда, сега „старлета“ оди во Сараево да го промовира својот нов спот и песна. Додека седи на кафе 9 пати е пукано кон неа.

Драма:
Во сараевската населба Храсно завчера е пукано во Анѓела Митковски, наречена Вештица, поранешна учесничка на "Фарма". Таа во моментот на нападот била со 37-годишниот Адмир Арнаутовиќ, наречен Шмрк, кој бил ранет во нога.

Кулминација:
На нив пукала 36-годишната Емина - Минка Арнаутовиќ, сопругата на Адмир. Таа влегува во кафулето каде што седат Анѓела и Адмир, почнува да се расправа со Адмир и три пати го застрелува во нога. Во Анѓела пука 9 пати, но ниту еднаш не ја погодува.

Пресврт:
Анѓела го потврдува инцидентот, објаснувајќи дека е чиста среќа што го преживеала нападот, притоа нагласувајќи дека е пукано во неа и нејзиниот дечко Адмир.

Најава дека филмот ќе има и продолжеток:
Во интервју за Блиц Анѓела објаснува: "Таа е позната по тоа што има фрлано бомби на луѓе и има лежено затвор поради тоа. Адмир и јас седевме во кафуле кога таа влезе, фрли кеса со околу еден килограм хероин и викна полиција за да нè намести дека дрогата е наша."

 

13 март 2017 - 15:13