Тезгата ја постави виенската театарска групација God's Entertainment како дел од својата ангажирана црнохуморна акција "Black market" со која се иронизира пазарниот статус на денешните идеологии и религиозни убедувања.
"Сладок комунизам", "Будизам без коски", "Нискокалоричен хиндуизам" се дел од артиклите кои им биле нудени на граѓаните на Ријека а на посебно акциско намалување бил висококалоричниот "Домашен национализам".
Како одлично средство против низок притисок се нудел "Лут национализам" а можелo да се купи и "Органски капитализам" и тоа од домашно а не од странско производство. Како специјална рамазанска понуда бил изложен "Ислам без адитиви", веднаш до "Димениот католицизам".
Според зборовите на продавачите кои дозволувале ценкање, жителите на Ријека се покажале како повнимателни од оние во Виена каде што стоката за час ја снемало. Сепак, не се жалат бидејќи и во овој град се покажало дека луѓето од сите генерации и нации веќе не можат да живеат без некоја своја идеологија.
Проектот на виенската трупа ја преиспитува врската меѓу поединците и економската размена на идеологии која постојано се менува. Се појавуваат нови облици на мислења кои се обидуваат да дојдат до своите конзументи а како реакција на тоа - слично како во модниот свет - секогаш на цена се и винтажните идеологии кои се јавуваат во форма на политичка носталгија. "Black market" пробува да ја измери вредноста на старите и новите идеи третирајќи ги како и останатата стока која зависи од актуелната понуда и побарувачка.
Децении пред своето време и наведената група од Виена беше една група Сараевчани: