Таг: идеологии

Опасно е ако не си „наш“ или „нивен“

Се сеќавате ли кога Фрчкоски повикуваше на создавање две Македонии („Ќе ја поделиме економијата и пазарот: нема да пазаруваме во нивни дуќани и нема да одиме во нивни кафеани“)? Се надеваме дека престојот во едниот, единствен и сечиј Њујорк благопријатно ќе делува на овие негови глупи паланечки ставови. Во меѓувреме, да читнеме нешто умно.

Тазе идеологии по поволни цени

Стандардната понуда на пазарот во Ријека со овошје, зеленчук, риба, месо и цвеќе деновиве била збогатена со тезга на која можело многу ефтино да се набави нешто од широкиот асортиман изложени идеологии.