Тројцата судии кои одлучуваа, ја прогласија партијата виновна за серија напади, вклучувајќи го и убиството на левичарскиот рапер Павлос Фисас.
Неколку дена по убиството на Фисас, грчката полиција го уапси целото раководство на партијата по што и започна истрагта против нив и криминалните актовности што ги спроведувале.
Постапката се водеше против 68 членови на партијата. Лидерот и 6 негови колеги се прогласени за виновни за раководење со криминална група. Човекот што го уби Фисас е прогалсен за виновен а 15 други се обвинети за соучестништво. Останатите се прогласени за виновни за приклучување кон криминална организација и други насилства.
Пресудата следува по судска постпка која трае пет години а се одвива во привремената судница поставена во затворот во близина на Атина.
Партијата од целосна анонимност стигна до трета по големина партија за време на грчката финансиска криза, и во 2012 влезе во парламетот со 12 пратеници, главно растејќи на експлозивната комбинација од мерки за штедење и наплив на мигранти. Денес Златна зора нема ниту еден пратеник.