Таг: видео

Хобит лета со авион

Авион полн со хобити, орки и други чудни суштества лета накај Средна Земја, и добива инструкции за безбедност на летот од стујардеса-елфка. Не, не е извадок од новиот „Хобит". Видео за безбедност на лет е.

Приказната за Јуриј Гариќ

Убава приказна за првиот југословенски космонаут, кој пет пати ја обиколил земјата. Во своето фичо.

Воинот на магаре

Додека некои во сај-фај капсула го допираат работ на вселената, други на магаре разнесуваат детски книги до тешко достапни села. Искрено, тешко ни е да одлучиме кој повеќе придонесува за човештвото.

Пеена Емили Дикинсон

Ефрат Бен Зур е позната израелска пејачка и актерка. Нејзиниот нов албум содржи композиции направени врз стихови на Емили Дикинсон.

Како да го најдете вашиот мир

Се сеќавате на оној цртаниот со Густав, кога тој се обидува на раат да си го прочита весникот а целиот свет кова завера против неговата намера? На крај наоѓа пуст остров, ама и таму паѓа бомба. Епа овој Француз решил радикално да го решава проблемот.

Момчиња и колачиња

Има денови кога мислите дека на интернет нема ништо интересно. И тогаш колега ви го праќа следниов линк...

Каде ги чувате вашите спомени?

Дигиталниот свет како ризичен магацин на спомени, или зошто е најдобро тие да се чуваат во - срцето.

Кога уметникот креира „од стомак“

Знаете она кога сакате да покажете со гест дека нешто е „бљак", па глумите повраќање? Епа една уметница решила да ги искаже ваквите свои чувства кон песна на Мишо Ковач буквално. Предупредување: да не се гледа пред, за време и по јадење.

Скребл за оние кои (не) ги сакаат У2

Scrabble е онаа друштвена игра во која од поединечни букви треба да составите цели зборови. Колку повешт составувач и колку покомплексен збор - толку повеќе поени.

Библиотечен домино-ефект

Пред некое време си го повторив чувството од детството, кога сета затреперена за прв пат влегов во маалската библиотека, а од таму излегов со членска карта. Што би рекол Радован трети, „Одам по улица, членската ѕирка два прста од џеб, луѓето викаат 'јеботе, минува другарот член'".

Кога клавирите ќе стивнат

Нешто кое по завчерашната доминантно тапанарска прослава на независноста може да се случи и кај нас - пад на популарноста на сите останати инструменти. Особено на оние погломазните и скапите за одржување, како старите пијана и клавири.

Проект: 24 часа без интернет

Вчера, 2. септември, организаторите на проектот „Реконектирај се" повикаа на интернет „диета". Или на 24-часовно присеќавање на тоа како изгледаше животот пред Фејсбук и Јутјуб.

Големи мали луѓе

Откако слушнавме дека во некои училишта за добредојде се пееле „Што ме роди мајко да учам дропки“ и „I like coffee, I like tea/I like Elvis, I like Sting", почувствувавме потреба да го дополниме репертоарот за првоодделенчињата и нивните родители со нешто полирично. Срце ни се стега гледајќи ги толку мали, а толку подготвени да се фатат во костец со животот. Нека им е со среќа!

Животот го чинат мали нешта

Утринско протегање, мирисот на домашна храна, возење точак, гриз лубеница, ветер на лицето. Доволно за еден сосема обичен, а убав ден.

 

Колку треба да трчаш за да ја ислушаш цела „Одисеја"?

Во нова реклама на AT&T за нејзината 4G мрежа американскиот маратонец Рајан Хол додека трча слуша стриминг на цела Хомерова „Одисеја". Некого не го мрзело да пресмета колку тоа километри требало да претрча ако е ова верно.

Вејтс кај Симпсонови

Не, нема да пее. Ама извршниот продуцент на серијата вели дека луѓето ќе го препознаат неговиот глас „во секунда". Ма каква секунда, многу е.

Крале Марко на Струшките вечери

Не знаеме кога повеќе да ни биде криво - дали кога ќе наидеме на со сила правени телефонски интервјуа со Штулиќ, за кое човек не е ни сигурен дека се автентични, или кога тој сам ќе напише асален текст на некоја тема, ама без осет за неговиот обем, па ни требаат три дена да го преведеме.

Кога Пирс Морган навредува

Републиканскиот кандидат за Сенатот од Мисури, Тод Акин, вчера требаше да гостува во шоуто на Морган, и да го појасни концептот за „легитимно силување", со кое деновиве крена бура реакции. Но столчето остана празно.

„Игри на гладта" (2012)

Мислев дека ќе бидам оригинална со споредбава, но некој веќе се сетил на неа - Hunger Games е микс на „Шоуто на Труман", Американски идол и Дарвин.